Д-р Ѓорѓи Филипов, поранешен македонски амбасадор во Германија најави дека ќе поднесе пријава за кандидат за претседател на СДСМ.
„Почитувани новинари и медиумски куќи, Јас, амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, утре, 11 февруари 2019 год., понеделник, ќе поднесам Пријава за кандидат за Претседател на Република Македонија на Отворениот повик за Претседателските избори за 2019 година на СДСМ.
По тој повод, ве поканувам на прес-конференцијата закажана на 11.Февруари 2019, со почеток во 12.00 часот во хотелот Александар Палас, Скопје. Ќе ми биде задоволство да ви се обратам и да одговорам на вашите прашања“ се наведува во информацијата испратена до медиумите на екс амбасадорот Филипов.