И помогна ли Ева Заева на истрагата за тајните имоти на Македонци во Дубаи – пишува Горан Момироски

Може ли една фотографија на ќерката на моќниот Вице Заев и внука на најбогатиот премиер во историјата на Макеоднија Зоран Заев да и помогне на истрагата во обидот да се пронајдат македонските граѓани кои имаат непријавен имот во Дубаи.

Се согласувам дека во приказните на возрасните не треба да се инволвираат децата особено ако се тие малолетни и секогаш сум се обидувал да го почитувам тоа правило затоа што децата не се виновни ниту заслужни за успесите или криминалите на своите родители.

Но случајов Ева Заев не е ниту малолетна ниту некој ја прозива за криминал. Од неа се бараат одговори на прашања за кои јавноста нема речиси никакви информации.

Таа всушност со објавената фотографија од ДУбаи сама се напиша во оваа колумна која има за цел да постави прашања кои можат да не доведат дури и до причините за заминувањето на Зоран Заев од премиерската позиција.

За одговорите немам ниту пари ниту ресурси да ги откријам до крај. Тоа го очекувам од обвинителството кога ќе запре со предметите што ги води против мене.

Да не должам многу, фотографија која Ева Заева ја објавила на социјалната мрежа Инстаграм а која ја пренесе порталот хаштаг.мк кој е дел од групацијата Фактор.мк, покажува дека фотографијата е сликана во Дубаи.

Хаштаг: Ќерката на Вице и внука на Зоран Заев се сликала на монденска туристичка локација (ФОТО)

Податоците што ги дава оваа фотографија покажуваат дека Заева е фотографирана на вештачкиот остров Палм Џумеира, еден од најскапите делови од еден од најскапите градови на светот, Дубаи.

На фотографијата во позадина се гледа еден од симболите на Дубаи малиот остров Бурџ Ал Араб кој според аголот на сликање укажува дека Ева Заева се сликала на еден од првите два крака на вештачкиот остров Палм Џумеира.

На овој дел од прескапиот остров нема хотели и затоа обвинителите кои се интересираат за случајот со 45 Македонци со имот во Дубаи можат да прашаат каде била сместена и се сликала ќерката на моќниот Вице Заев и внуката на уште побогатиот Зоран Заев.

Прашањата кои што се клучни за овој случај се:

Дали Заева била гостинка на некој од 45 Македонци со 55 недвижнини милиони евра вреден имот во Дубаи за кои податоците во истражувањето ги дал американскиот Центар за одбранбени студии во Вашингтон?

Дали Заева била на имот сопственост на некој од нејзините најблиски роднини на пример кај својот чичко Трајче Заев?

Дали ако Трајче Заев има имот во Дубаи тој е купен со трансфер на пари од Македонија или од други земји, на пример Германија?

Дали сопственикот на имотот, ако го поседува, го пријавил имотот во Македонија?

Дали ако Трајче има имот екс премиерот Заев требало да го пријави во својот имотен лист пред Антикорупциската комисија, макар и од етички причини.

И така натаму и така натаму. Има уште многу прашања на кои очекувам одговори. Дел од одговорите веќе ги имаат некои од истражителите кој се занимаваат со овој случај. Другите ќе ги почекаме.

Врската меѓу фотографијата и истражувањето кое откри дека 45 Македонци имаат милионски имот во Дубаи

Истиот ден кога македонските медиуми ја објавија фотографијата на Ева Заева од Дубаи се појави веста за 45 македонски бизнисмени, политичари и други лица кои имаат имоти во главниот град на Обединетите Арапски Емирати а кои се истражуваат за корупција, криминал и перење пари.

Меѓународна истрага: 45 Македонци имаат недвижнини во Дубаи

Дубаи не се споменува за прв пат кога се во прашање високи функционери на СДММ и роднини на Заев

За тие што не паметат лани на почетокот на годината во времето кога американската ДЕА или служба за борба против трговија со наркотици го апсеше соработникот на Трајче Заев и командирот на полициската станица во Прилеп поставен од Оливер Спасовски, братучедот и бизнис партнер на тогашниот премиер не беше во земјава.

Погодувате, Трајче Заев беше во Дубаи.

Од Емиратите се јави Трајче Заев, се жали на злите намери на ВМРО-ДПМНЕ

На почетокот на минатата година во Дубаи на кратко беше и еден од најблиските соработници на кланот Заеви, тогаш вицепремиер за корупција а сега министер за земјоделие.

Љупчо Николовски никогаш пред јавноста не објасни што барал токму во Дубаи на краток одмор од каде се пофали со фатениот путер по кој го доби најновиот прекар ,,Љупче Путерот.

Свежи идеи на вицепремиерот за корупција по викендот во Дубаи

Капак на сите дилеми е информацијата која лани ја објавија медиумите според која еден од најпознатите добитници на пасошите со лажен идентитет дадени од МВР додека таму е Оливер Спасовски е уапсен токму во Дубаи.

Најпознатиот мафијаш со лажен македонски пасош уапсен во Дубаи

Во македонската демократија едно од ретките оружја на новинарите е да прашуваат а политичарите и јавните личности особено тие што биле плаќани со наши пари да одговараат. Обвинителите, тие што не се корумпирани и гонат новинари, треба да постапуваат по допрен глас. Гласот е тука, а ќе има и татнеж.

Најнова вест

За делови од науката што Грција, Бугарија и други сакаат да ги нема

(ФЕЉТОН) Бавното откривање на Македонците (1) – Проф. Далибор Јовановски