И по примени две дози вакцина се заразиле 96 граѓани

Министерството за здравство објави дека 96 од 330.320 лица во државава кои примиле две дози од вакцината против Ковид-19 се заразиле со коронавирус.

Тоа значи дека само 0,02 отсто од целосно вакцинираните се заразиле со коронавирус, што покажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, велат од Министерството.

Само 13 од овие случаи завршиле со хоспитализација и дека нема починати меѓу лицата кои примиле две дози од вакцината.