И по Филипче – Филипче – пишува Ненад Живановски

Чекај, да разјасниме нешто. Зборуваме за оној Венко Филипче, истиот лик кој му беше советник на министерот за здравство од ВМРО Никола Тодоров?

Сега што е министер за здравство на Заев и потпретседател на СДССМ?

И што во иднина, по следната промена на власта со ВМРО, најверојатно ќе биде најмалку директор на Фондот за здравство, или директор на Клинички центар.

А деновиве партиски членови се испотепаа – овие од СДССМ да го бранат, оние од ДПМНЕ да го осудуваат.

Луѓе, разберете едно: 30 години си играат к.рот со нас. Владејачките позиции во државата се распределени кај една мала група луѓе и неважно е тука кој од која партија е. Тоа е затворен ѓаволски круг, во кој обичен смртник нема пристап освен како жртвен јарец. Како да се братство на тајно друштво или секташка организација. Така е сетиран системот уште од 1991 година.

Се сеќавате ли што беше татко му на Венко Филипче?

Беше министер за здравство – Илија Филипче. Миле ми текна – големиот вмровец и војвода, во студентските денови, како член на СДСМ, на ѕидот држел слика на Бранко Црвенковски. Орце Камчев, беше претседател на младината на СДСМ, се окуми со Сашо Мијалков, стана вмровец, што го квалификува на Форбсовата листа за најбогат Македонец. Ден Дончев, кадарот на Љубчо Георгиевски за криминално да го приватизира Телеком, Заев, наместо во затвор, го стави за директор на Фондот за здравство. Успешно си ја заврши работата – по принципот пола пије, пола Шарцу даје – и со куферчето, преку Сингапур, си се врати во Австралија, на раат да си го троши заработеното. Ако му притреба на Мицковски за некоја валкана работа, секогаш е отворен за соработка, за пристоен процент провизија.

Кое куче што зграпчило коска ја испуштило, или пак паразит да напушти синекура. А, вие сега продолжите да се расправате кој е подобар СДСМ или ДПМНЕ!