И по еден век, дилеми дали и како да го погребат Ленин


Руската православна црква смета дека е потребно да се посвети големо внимание на евентуален погреб на телото на Владимир Илич Ленин, кое се наоѓа во Мавзолеј на Црвениот плоштад во Москва.

Според првиот човек на оддел за надворешни црковни односи на Синодот на руската православна Црква, митрополитот Иларион, тоа треба да се направи кога нема да постои спротивставување во општеството.

Тој истакна дека на Ленин – поради „црвениот терор“ и репресијата што започна во негово време – не му е местото на Црвениот плоштад, но потсети дека за некои луѓе неговото тело е свето.

„Ако сега биде отстрането телото на Ленин од Мавзолејот, тоа ќе биде напад врз верата на оние луѓе за кои тој е нешто свето“, објасни претставникот на Црквата.

Затоа, Иларион повика на внимателно постапување по ова прашање за да не предизвика конфронтација во општеството.

Митрополитот смета дека по погребот Мавзолејот треба да биде зачуван како споменик и музеј за масовната репресија.