И партијата на Тито Петковски со забелешки на инвестицискиот план на Заев

Низа забелешки поднесе НСДП во врска со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 година, што минатиот месец го претстави Владата,

Од партијата на Тито Петковски предупредаат дека „безскруполозна трка по профит и моралната неодговорност на мала група на луѓе кои ќе поседуваат огромен капитал, целосно ќе го деградираат нашето природно богатство и уште повеќе ќе го продлабочат јазот меѓу богатите и сиромашните“.

Од таму велат дека најголем приоритет и од најголемо капитално значење треба да имаат вложувањата во човечкиот капитал.

„Реализацијата на проектите со кои целото општествено и природно богатство ќе заврши во рацете на малкумина моќници, сметаме дека ќе предизвика тектонски пореметувања во развојот на македонската држава и македонското општество. Вложувањата во човечкиот капитал, треба да имаат предност пред вложувањата во инфраструктурата “, порачува НСДП.

ПОВЕЌЕ