И неделава не е пуштен автопатот Миладиновци-Штип

„Не би сакал да шпекулирам кој ден ќе биде пуштен во сообраќај, но до четврток, петок, ќе биде пуштен“, изјави министерот за транспорт во понеделникот кој најави дека автопатот Миладиновци-Штип ќе биде пуштен за сообраќај неделава.

АМСМ и денес, петок, се јави со истото соопштение дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. 

На автопатот, како што се дознава, се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот-посочуваат од АМСМ.