И Народна банка била цел на грчките хакери

Кус временски период, синоќа бил отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка и домашните банки, по обидот за упад на хакери од самонаречената Моќна грчка армија врзнеколку банки во земјата.

„Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање, информира денеска Народната банка“, откако грчките хакери од „Моќната грчка армија“ вечерва на Твитер објавија дека извршиле хакерски напади врз неколку македонски банки.