И најверните подржувачи ги напуштаат позициите на СДСМ, ДУИ и Алијанса

И најверните подржувачи ги напуштаат позициите на СДСМ, ДУИ и Алијанса не само кога станува збор за политичка поддршка туку и за организарање на двата следни циклуси избори.

Само 13,7 проценти од сите граѓани ја поддржуваат позицијата на власта каде најгласни се од СДСМ дека следната година треба да има засебни избори за парламент и за претседател.

19,7 проценти немаат став а ,,ѓаволска бројка” од 66,6 проценти од граѓаните сметаат дека изборите треба да се заедно, пред се за да се заштедат огромни пари во буџетот.

ДУИ и Алијанса за Албанците засега не се експлицитни за ова прашање, оставаат можност за двете опции но од таму никој досега не рекол дека ако СДСМ инсистира на посебни избори пред изборот на претсатале ќе ја напушта владата и таа ќе мора да оди на заеднички избори.

Во одговорите на прашањето дали сметате дека Парламентарните избори треба да бидат заедно со претседателските во мај следната година или треба да бидат одвоени, бројот на луѓето кои сакаат заеднички избори е многу помал од бројот на поддржувачите на власта кој е во огромен пад ако се споредат последните парламентарни избори.

Во другите прашања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сам има огромна предност пред 4 првенци на СДСМ заедно покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања ИПИС од Скопје.

Според анкетата во убедливо водство на листата на лидери со најголема поддршка од граѓаните е Мицкоски со 16,5 проценти додека неговиот главен ривал премиерот Ковачевски има само 5,6 проценти доверба.

Сите четири првенци на СДСМ кои се појавуваат на анкетата покрај Ковачевски, Црвенковски (1,6), Заев (1,8), Пендаровски (2,3) имаат заедно 11,3 проценти поддршка што значи дека Мицкоски сам има една третина предност пред сите лидери на СДСМ.

Од останатите лидери Али Ахмети има 6,1 проценти доверба, Максим Димитриевски 3,9, Димитар Апасиев 3,8, Никола Груевски 3,7, Билал Касами 2,3 проценти поддршка.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско
истражување во периодот помеѓу 25 и 27 октомври 2023 на 1055 полнолетни испитаници
на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран
непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше
стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на
партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

НАПОМЕНА:

Одговорите ја одразуваат демографската структура на испитаниците и нивните преференци и ставови.

Сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 %. Поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.

И во прашањето за популарноста на партиите исто така власта има голем проблем

Нова лоша вест за Ковачевски и Ахмети, и заедно со Таравари се многу далеку од победа на избори

Најчитани статии

Драма во највисокиот суд поради која била побарана заштита од амбасадата на САД

Посетата на Агелер на Врховниот суд се случила на барање на судии под жесток притисок од владата