И на „тесла“ автомобилите им открија дефект

Американските регулатори побараа од „Тесла“ да повлече 158.000 возила во САД поради дефект на контролната табла што претставува ризик околу безбедноста.

Од Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека дефектот е пронајден кај автомобилите на „Тесла модел С“ од периодот 2012-2018 година и кај „Модел икс-ес“ – 2016-2018 година.

Компанијата „Тесла“ не е должна да го исполни барањето на федералната агенција, но има рок до 27 јануари да приложи објаснување.