И Муса Џафери исклучен од ВМРО-ДПМНЕ (Твит на денот)

Политичкиот аналитичар и екс амбасадор на Македонија Арсим Зеколи со духовит коментар по исклучувањето на Сашо Мијалков од редовите на опозицијата.

Поврзувајќи ги прислушуваните разговори од кои се гледа дека Мијалков бил во комуникација со Муса Џафери најблизок соработник на Али Ахмети, Зеколи луцидно забележува дека Мицкоски од својата партија го исклучил и Џафери.