И „Мајкорософт“ го прекинува бизнисот со Русија

„Мајкрософт“ ја суспендира продажбата на нови производи и услуги во Русија, објави корпорацијата.

„Сакаме да ве информираме дека ја суспендираме целата нова продажба на производи и услуги на Мајкрософт во Русија“, се вели во соопштението.


„Покрај тоа, ние тесно соработуваме со владите на САД, Европската унија и Обединетото Кралство и суспендираме многу аспекти од нашите операции во Русија во согласност со одлуките на властите за санкции“, рече претседателот на компанијата Бред Смит.

Истовремено, Корпорацијатапродолжува да соработува со украински специјалисти за сајбер безбедност, за да се заштити од можни хакерски напади од страна на Руската Федерација.