И Кинезите откриле НЛО – се спремаат да го урнат

Кинескиот државен медиум Глобал тајмс објави на Твитер дека летечки објект е забележан и во Кина.

Локалните власти забележале неидентификуван летечки објект во водите во близина на крајбрежниот град Рижао во провинцијата Шандонг во источна Кина.

„Тие се подготвуваат да го урнат објектот“, објави Глобал тајмс, додавајќи дека рибарите се предупредуваат да држат безбедно растојание.

Веста доаѓа по информациите дека и над Канада, а претходно и над Алјаска, СААД; биле соборени „неидентификувани објјекти“ кои летале на голема височина.

Пред тоа Американците урнаа 2 метеоролошки балони, за кои тврдат дека биле шпионски.

Кинескиот новинар и поранешен главен уредник и партиски секретар на конзервативниот популарен медиум Глобал тајмс, Ху Ксијин, рече дека „Оваа година може да се нарече „година на НЛО“ и „година на соборување“,
„Затоа треба да бидеме повнимателни“, коментира тој.