И Јован Деспотовски кандидат за наследник на Заев во СДСМ

Кандидатура за лидер на САДМ денска поднесе и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, откриваат извори од СДСМ. 

Деспотовски вчера најави дека размислува за кандидатура и дека конечниот чекор ќе го направи денес.

Досега кандидатури за наследник за Зоран Заев на чело на партијата поднесоа Фросина Ременски, Димитар Ковечевски и Властимир Димитриевски.

Изборите за нив претседател на СДСМ се закажани за 12 декември.

Останува дилема дали до 16 часот, кога истекува рокот за поднесување кандидатура ќе се појави и Миле Зечевиќ, кој исто така наведе дека до последен момент ќе размислува…