И јас ќе го лежам Заев, рафалите го параат воздухот – пишува Горан Момироски

Го слушав утрово внимателно аудиото во кое според владините медиуми двајца луѓе разговараат дека на ум им доаѓа да го лежат премиерот Зоран Заев.

Истиот човек кој јавно најавуваше дека ќе јаде живи луѓе кога ќе дојде на власт и подоцна ги оствари своите канибалистички најави преку разни политички форми сега преку своите пиарџии сака да се прикаже како жртва.

Во аудиото што го снимиле луѓе и служби под контрола на тој што ќе јадеше живи луѓе нема ништо што не можете да чуете од најмалку секој трет Македонец.

Ако Заев и неговите гавази досега не го разбрале тоа ќе имаат сериозен проблем кога ќе треба навистина да лежат.

Дел од луѓето што секојдневно кажуваат дека ќе го лежат му забележуваат дека ја урнисал земјата економски, други дека тој и Филипче се виновни за смртта на речиси 5000 луѓе и на 60000 луѓе без работа од корона кризата, трети не можат да му ја простат Тиранската платформа, четврти суровоста кон учесниците од 27 април, петти за предавството со името и промената на уставот. И така натаму и така натаму, листата е предолга за да биде допишана до крај.

За Заев и неговото семејство најмал проблем се двајцата луѓе кои токму по желба на премиерот лежат робија под фингирано обвинение за тероризам.

Сосема легитимно е луѓе кои не убиле никого ниту реално се обиделе да го сторат тоа да имаат црни мисли за човекот што се закануваше дека ќе јаде живи луѓе и фигуративно го оствари тоа.

Во комунизмот и сталинизмот казни за лоши мисли на политичките противници се викаше “Вербален деликт”, сега се нарекува евтина пропаганда.

И јас го мислам истото како двајцата од аудиото а не сум на робија а верувам дека и други најмалку десетици илјади луѓе стануваат и легнуваат со оваа мисла, како да се казни човекот што мислејќи дека никој не го снима рече дека ќе јаде живи луѓе.

Се разбира моите шаржери се синтаксите, моите рафали се словенските антитези, куршумите се моите зборови, колумните мои репетирања а лежењето на Заев е неговата затворска казна заедно со неговиот другар и “сват” Драги Рашковски.

Ако на Заев и неговите подлизурковци не им е јасно дека кога ќе паднат од власт нема да можат да излезат на улица поради своите недела, криминали, предавства тогаш не научиле ниту една важна политичка лекција.

Ако досега Заев нема договор за добивање азил во некоја земја каде што веќе префрлил дел од своите бизниси не научил ниту една животна лекција.

Ако досега не научил дека никој нема да го жали затоа што децата ќе му плачеле поради вербалните напади кон него веќе е доцна.

На тоа требаше да мисли кога плачеа некои други деца, стари и млади, машки и женски.

Можеби нема да дочекам да го видам како го лежам, в затвор, во лисици, можеби ќе избега навреме но заедно со тие околу него што сеуште не се в затвор треба да биде свесен дека неговото лежење е веќе започнато. А ќе трае долго, и ќе биде уште помачно.

Ако не успее да избега до Мексико, Дубаи или Хонг Конг му посакувам пријатно лежење и постојан мониторинг од Комисијата против тортура на Советот на Европа.

П. С. И Рашковски мислеше дека “тропам глупости” кога му порачав дека ќе си лежи.