„И јас гласав поинаку од партијата“: Реџепи очекува поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени

Одметникот од БЕСА, Кастриот Реџепи, кој се потпиша за ново парламентарно мнозинство, па се пишмани и стана независен пратеник, верува дека неговиот пример ќе го следат и најмалку осуммина народни избраници од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот на барање на Бугарија.

„Верувам дека ќе обезбедиме мнозинство бидејќи и јас гласав против мојата политичка партија, иако немаше одлука од партиските органи. Јас гласав поинаку од партијата. Мислам и дека има совесни пратеници и тие ќе го искористат загарантираното право на глас по свое убедување“, изјави Реџепи.

Тој не гледа пречка за тоа ни во изјавите на опозициските пратеници заверени на нотар.

„Потписите немаат правна сила. Политичката волја е нешто што може да се промени во зависност од околностите“, објасни Реџепи.