И Италија ќе се приклучи на „Турски тек“, никој „не ја игра“ Македонија

Путин дозволи, а Русија ја испитува можноста и Италија да се приклучи на гасоводот „Турски тек, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Ова може да биде преку Бугарија, дури може да биде преку Србија, Унгарија, а може и преку Грција“, изјави тој на прес-конференцијата по разговорите со италијанскиот премиер Џузепе Конте кој престојуваше во Москва.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека учеството на Европската унија и на другите земји во проектот „Турски тек“ е можно, но под услов да постои гаранција дека приказната за „Јужен тек“ нема да се повтори.

По пропаѓањето на проектот за гасоводот „Јужен так“ на кој потпис стави и македонската страна, , Русија и Турција во октомври 2016 година потпишаа меѓувладин договор за проектот за гасоводот „Турски тек“ со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас.

Одлуката за изградба на овој гасовод беше прифатена откако во декември 2014 година Русија најави запирање на проектот „Јужен поток“ поради неконструктивната позиција на Европската унија, потсетува РИА „Новости“, а пренесува БГНЕС.