Нов Зеланд испраќа 120 војници во Велика Британија за да помогне во обуката на Украинците за борби, соопшти во понеделникот владата, пренесува Ројтерс.
Обуката на околу 800 украински војници ќе се одржи во Велика Британија, а војниците на Нов Зеланд нема да патуваат во Украина, се вели во соопштението на владата.
„Ние бевме јасни дека бесрамниот напад врз суверенитетот на една земја и загубата на невини животи како резултат на тоа е погрешна и неподнослива. Нашата осуда ќе продолжи да оди подалеку од зборови и ќе вклучува критичка поддршка“, рече премиерката Џасинда Ардерн на прес-конференција за објавување распоредувањето на војската на Нов Зеланд.
Таа нагласи дека војниците на Нов Зеланд не учествувале и нема да учествуваат во непријателствата во Украина.