Холандскиот премиер Марк Руте сега се залага Албанија и Македонија да го започнат преговарачкиот процес, објави холандската ТВ Телеграф (Де Телеграф).
Во 2018 година, Руте рече дека Албанија и Македонија ќе ја „ослабнат целата Унија“, укажувајќи на корупцијата и недостатокот на слобода на медиумите.
Една година подоцна, Холандија, заедно со Франција и Данска, го блокираа почетокот на преговорите за членство во ЕУ за двете земји.
Хаг го промени својот став и покрај значителниот пад на слободата на медиумите во Албанија и фактот дека корупцијата, особено на високо ниво, останува важно прашање, пишува EURACTIV.
Руте сега бара поддршка од цела ЕУ. Тој на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во мај рече дека сите во ЕУ се обидуваат да направат се што можат за да го одржат стабилен Западен Балкан и да најдат решение за проблемите во регионот, особено во Македонија и Бугарија.