Германија ќе продолжи да се спротивставува на промена на границите на Балканот, рече министерот за надворешни работи на таа земја, Хајко Мас, коментирајќи го наводниот „нон-пејпер“.

„Како и во минатото, Германија ќе продолжи да се спротивставува на промена на границите на Балканот“, рече Мас на заедничката прес-конференција со македонскиот министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Мас ги отфрли како лажна вест обвинувањата дека Германија учествувала во изготвувањето на „нон-пејперот“ како лажни вести.

„Германија не учествуваше во каков било вид нон-пејпер. Ако има гласини за тоа, тогаш тоа е лажна вест”, рече Мас.

Тој смета дека секоја промена на границите би имала негативни последици.