И ЕУ сака билборди со благодарност во Белград

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел вели дека е смешно да се гледаат билборди на благодарност кон Кина на улиците на Белград, а да ги нема кога станува збор за Европската унија.

„Сите се загрижени за Балканот. Има борба на наративите. Ако може да отидете во Белград, би можеле да видите билборд со слика на кинескиот претседател Си Џи Пинг, во кој се вели: „Благодарам брат Си, само ти ни помагаш”, што е смешно, никогаш не сме виделе билборд со кој ни се заблагодарува нам.

Така, тогаш кинеската помош се наоѓа на улиците, а кога ние помагаме пред и за време на кризата, тогаш ништо, затоа треба да го зајакнеме нашиот капацитет за да ја објасниме нашата стабилизирачка улога на Балканот“, рече Борел Борел на состанокот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, пренесе Нова ТВ.