И џихадистите-самоубијци се исплашија од коронавирусот

Исплашен лидер на Исламската држава (ИСИС) ги предупредил своите членови да не патуваат во Европа која е подгодена со коронавирусот за да го зачуваат здравјето.

Групата ИСИС која охрабруваше членовите да ги напаѓаат европските градови во самоубиствени бомбашки напади, издаде предупредување да се држат подалеку од епидемијата за да го намалат ризикот од контактот со убиецот, опишан како „чума“ пиушува „Тајмс“.

Во предупредувањето се вели дека „здравите не треба да влегуваат во загрозените земја и болните не треба да ги напуштаат“.

Најновиот број на билтенот „Ал-Наба“ ги повика приврзаниците на терористичката група да ги мијат рацете и да ги покриваат устите додека се прозеваат и киваат…

Според „Тајмс“, билтенот вели: Болестите не напаѓа сама од себе, туку по Божја заповед и наредба, а коронавирусот е објаснет како „мака која е пратена од Бог на оној што тој сака“.