И Џамбаски се претера со тезата за „един народ“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски одбележа 126 години од раѓањето на Ванчо Михајлов со нов провокација кон Македонија.

„Со народот зад Деве Баир, ние (Бугарите) сме еден народ поделен со вештачка граница“, напиша Џамбаски вчера на Фејсбук, повторувајќи го истиот став што досега го изрекуваше во повеќе наврати.

Џамбаски и приврзаниците на опозициската бугарска партија ВМРО-БНД претходно одржаа неколку протести поради политиката кон Македонија, на кои апелираа да не се отстапува од бугарските услови за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.