Милам дека одлуката на Либерално-демократската партија е исправна и дека полека и другите партии ќе се двојат од коалициите, изјави за МКД.мк пратеникот Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз, која партија е дел од коалицијата на СДСМ „Можеме“.

Самостојното делување во парламентот овозможува повеќе процедурални погодности, вели Трајанов и посочува дека во моментов пратениците се ограничени во поглед на барањето за процедурално обраќање, за барање на пауза на седниците, или пак се ограничени и во поглед на давање на реплика на говор на пратеник од коалицијата.

Лидерот на Демократскиот сојуз вели дека самостојното делување на пратениците од различни партии не мора да значи и ситнење на парламентарното мнозинство.

Пред ЛДП, самостоен настап остварија и четворицата пратеници на БЕСА, па сега практично, коалицијата на СДСМ „Можеме“ брои 40 пратеници.