И Доњецк најавува обединување со Русија

Самопрогласената Доњецка народна република во источна Украина може да размисли за приклучување кон Русија откако ќе ја добие контролата врз целиот украински регион Доњецк, изјави за Ројтерс лидерот на сепаратистите Денис Пушилин.

„Што се однесува до приклучувањето кон Руската Федерација во однос на желбата и аспирацијата, тие се јасно следени од 2014 година – желбата да се биде во Русија“, рече Пушилин. „Но, сега главната задача е да ги достигнеме уставните граници на републиката. Тогаш ќе го решиме ова“, рече тој.

Коментарите доаѓаат два дена откако водачот на Луганск, рече дека би можел да одржи референдум за приклучување кон Русија.

Киев предупреди дека секое такво гласање нема да има правна основа и ќе предизвика посилен меѓународен одговор.

Двата административни региони во Донбас, кои прогласија независност во 2014 година, во 2015 година ја објавија својата желба да се приклучат на Русија. На референдумот одржан кон крајот на 2014 година, претставниците на привремените влади изјавија дека со големо мнозинство го поддржуваат прогласувањето независност.

На 21 февруари оваа година рускиот претседател официјално ја призна нивната независност…

На 24 февруари Русија изврши инвазија на Украина, започнувајќи воена кампања од двата сепаратистички региони за освојување на преостанатите делови под контрола на Украина од регионите Доњецк и Луганск.