Екс-министерот за надворешни работи Никола Димитров во 2018-ма ги стави и македонските домати во служба на обезбедувањето почеток на преговори со Европска унија.
„Највкусниот домат во светот! Кој и да го поддржи стартот на пристапните преговори за Македонија со ЕУ следната седмица, ветуваме дека ќе му испратиме пакување со свежи македонски домати по пошта“, порача Димитров преку „Твитер“.
Се чини тогашниот „дипломатски потег“ не наиде на разбирање во Португалија од каде деновиве добивме порака дека досегашната земја-претседавач со ЕУ и никогаш не успеала да се одлепи од „лисабонската декларација“.