Директорот на финансиска полиција Арафат Муареми е во самоизолација откако бил во контакт со Мухамед Зекири.

„Сакам да ве известам дека во последните денови имав контакт со Мухамед Зекири пред да стасаат неговите позитивни резултати за ковид-19. Затоа решив да се самоизолирам според сите протоколи на релевантните институции. Немам никакви симптоми, а оваа недела ќе направам тест во Институтот за јавно здравје“, напиша Муареми на својот профил на Фејсбук.

https://www.facebook.com/arafat.muaremi/posts/1558310304350145