Не престануваат негативните коментари и говорот на омраза од луѓе членови или блиски на СДСМ по објавувањето на поддршката од страна на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за независната кандидатка Данела Арсовска.

Со таков коментар се јави и директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски кој многу ниско и со непристоен речник „се пошегува“ за кандидатурата на Арсовска, пишува порталот Лидер.

Објаснувајќи дали Арсовска била независна или зависна директорот именуван од Шилегов го користи зборот “дупење” кој не прилега на јавен функционер во контекст на кандидатка за градоначалник и може да се нарече говор на омраза.

Повеќе на овој линк

Досега никој во СДСМ не го осудува говорот на омраза кон Арсовска.

Предходно говор на омраза врз полова и сексуална основа кон Арсовска упатија советник на премиерот, новинари и други луѓе од таборот на СДСМ.

Советник на Заев со нов мизогин напад врз Данела Арсовска