И денеска нестабилно време, наместа со пороен дожд

Денес на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

И во Скопската Котлина денес попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, велат од УХМР.

Силно невреме со град вчера ги зафати Охрид и Кичево, а доцна синоќа Регионалниот ЦУК Куманово јави дека по силниот пороен дожд што го зафати градот Куманово, во вечерните часови, биле поплавени куќи…