Делегација на Демократскиот сојуз ќе присуствува на отворањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград, Бугарија која е најавена за утре, 30 октомври.

Од партијата сметаат дека отворањето на овој прв македонски културен клуб во Бугарија, ќе биде добра основа за негување на културните особености на Македонците, како и подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија.

Универзално демократско право претставува здружувањето, формирањето граѓански здруженија, културни центри, политички партии и други форми на меѓусебно поврзување, афирмирање на културните различности и меѓусебно почитување и разбирање, велат од Демократскиот сојуз од каде очекуваат топол прием од граѓаните на Благоеврад.

Присуство на отворањето на македонскит клуб претходно најавија од ВМРО-ДПМНЕ и од партијата „Левица“…

Нема да има официјални претставници на македонската држава