И Велика Британија сака течен гас од САД, а тој е речиси распродаден

Британската влада бара американски извозници на течен природен гас (ЛНГ) за да потпишат 20-годишни договори за снабдување со гориво во Велика Британија, објави Блумберг, повикувајќи се на информирани извори.

Лондон „се обидува да обезбеди долгорочно снабдување со течен природен гас од американските производители пред зимата“.

Блумберг пишува дека, за разлика од земјите како Германија, Велика Британија не зависи од рускиот гас.

„Владата на Liz Truss се занимава со ова прашање на највисоко официјално ниво за да обезбеди долгорочни набавки по пристапни цени, како што тоа го прават Германците“, Блумберг го цитираше Фред Хачисон, претседател на американската индустриска група LNG Allies.

Тој нагласува: „Другите европски земји мора да дејствуваат доста брзо. Остатокот во САД е речиси распродаден“.