И Алијанса ја нападна “Парадата на гордоста”, само ДУИ не се изјасни

По владеачката БЕСА и Албанскиот опозициски блок составен од Алијанса на Албанците и Алтернатива денес унисоно се спротивставија на одржаната “Парада на гордоста” во Скопје, а пратеникот од Алијансата Сурија Рашиди во својата мини – колумна, објавена во весникот “Лајм”, вели: “Насилно се наметнува пропаганда неприфатлива за апсолутното мнозинство на населението. Се наметнуваат вредности спротивни на традиционалното албанско семејство, на етичкиот код наАлбанците, но и општо на целото население.”

Од друга страна, паѓа во очи целосниот молк на Демократската унија за интеграција: ниту таа како партија, ниту кој било нејзин пратеник досега не искажале став “за”, или “против” “Парадата на гордоста”.

ДУИ нема одговорено на барањата на претставниците на ЛГБТИ-заедницата уштеод 7.6.2021 година ” штом се трансформирала како зелена партија да ги постави високо на својата политичка агенда и правата на припадниците на оваа заедница”.

Како што јавија денес медиумите на албански јазик во Македонија, денес на “Парадата” поторно била пуштена видео-изјава на пратеникот на ДУИ Бранко Манојловски, досега единствениот пратеник од ДУИ кој уште во 2018 година јавно ги поддржа “правата на ЛГБТИ-заедницата” и дури се заложи и за “признавање на склучувањето истополни бракови”.