Меѓу луѓето од јавниот живот кои веднаш дадоа поддршка за независната кандидатка за градоначалничка на Скопје е и пејачката Аделина Тахири.
Таа преку социјалната мрежа Инстаграм ја поддржа кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје.
Постигнала големи успеси во областа на нејзината професија, мислам дека заслужува да биде градоначалник на Град Скопје, коментира Аделина Тахири за кандидатурата на Данела Арсовска.
“Колку што ја познавам, таа не поддржува дискриминација по основ на етничка, партиска, родова, верска ниту по јазична припадност и не прави разлика меѓу луѓето! Од таа причина сметам дека силно треба да се поддржи нејзината кандидатура за да биде на чело на нашиот град”, пишува понатаму во својата објава Тахири.