Хрватските војници веќе се вратиле дома

Хрватските војници од мисијата на НАТО, веќесе вратиле торбата дома, ден пред изјавата на претседателот Зоран Милановиќ дека нема да дозволи ниеден хрватски војник да биде ангажиран во кризата околу Украина, тврдат хрватски медиуми.

Милановиќ зборуваше за можноста за повлекување на 80 хрватски војници од мисијата на НАТО во Полска.

Но, тие 80 војници се вратија во Хрватска во понеделникот, пред Милановиќ да ја објави можноста за нивно повлекување, а новиот контингент не ги замени.

Во Полска останале само четворица хрватски офицери. Информации за нивното враќање беа објавени на веб-страницата на Министерството за одбрана.

Според неофицијални информации, планот е новиот хрватски контингент следната година да замине во Полска, а дали ќе оди, останува да се види.

Годинава Хрватска нема да има свои војници во источна Европа. Б92