Хрватското здружение на новинари (ХНД) го повика хрватскиот претседател Зоран Милановиќ да престане да ја навредува новинарската професија, оценувајќи дека изјавите на претседателот за новинарите и медиумите се несоодветни и се за осуда.

„Фиолмот им пукна“ откако тој рече дека „го следеле како кожна инфекција“.

„Јас не ги следам, тие ме следат. Ме следат како чешање, како инфекција на кожата. Некои работи едноставно не можам, а да не ги видам. Тоа е ужасно лошо. Тоа е целосно запоставена професија“, ја цитира агенцијата Хина, изјавата на Милановиќ која ја поттикна реакцијата на ХНД.

„Нарекувањето одредени редакции со погрдни имиња и етикетирање не доликува на функцијата на претседателот на Републиката во едно демократско општество“ реагираа од ХНД.