Во вчерашното невреме што ја зафати хрватска силниот ветер откорна крст од куполата црква кај Доњи Михољец, Славонија.

Црквата Св. Карл Боромејски во Лациќи, се наоѓа во општина Магаденовац.

Читател за Индекс.хр испрати фотографии на кои се гледа дека на врвот на куполата веќе нема крст и дека паднала на земја.

Невремето што беснее во Хрватска ја однесе првата жртва. Во реката Дунав кај Вуковар е пронајдено безживотно тело на маж, по што претходно беше организирана потрага, соопшти денеска хрватската полиција.

Порталот Индекс претходно објави дека маж се обидел да спаси чамец од големото невреме и силниот ветер.

Според информациите, човекот со автомобил стигнал до Дунав, а неговото тело било пронајдено на 200 метри од местото каде што наводно паднал во реката.

Хрватскиот државен хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) за денеска објави црвен метео аларм за Велебитскиот канал и јужна Далмација поради силно, повремено бурно невреме.