Вработена во фабриката „Подравка“ добила отказ откако била фатена како краде 12 пакувања Вегета, јавува Индекс.хр.

Таа се обидела да извади пакувањата од по пола килограм од фабриката во кеса, но била откриена од обезбедувањето на капијата.

На отказот деновиве реагираа дел од синдикатите:

„Кражба е кражба, нема дилема и нема оправдување. Но, тука треба да се споменат неколку работи. Прво, таа е вредна работничка која со децении работи во фабриката…Мажот е пензионер, не се во баснословна финансиска состојба.

Освен тоа, таа е првпат да прави нешто такво. Мора да има санкции, се разбира, но дали веднаш требаше да добие отказ и да го претвори семејството во социјален случај? Па, таа жена работеше со децении во фабриката за минимална плата! И итно разрешување“, вели еден синдикалец.

Друг вели дека менаџерите со години „легално ја ограбуваат компанијата преку опции за акции што ги прават милиони“. „Сè им е дозволено: бонуси, акции, големи плати, патни трошоци, службени автомобили и вечери на службената книшка…
Ве молам, овие луѓе, повеќето од нив, ја задолжија компанијата во толку долгови, а за сиромашен работник, веднаш отказ“, вели тој.

Во Подравка велат дека нема прошка за кражбата и жалат за работничката, „но таа била свесна за сите последици од нејзиниот непромислен чин“.

Инаку, големопродажната цена на 12-те вреќички Вегета од 500 грама во продавниците е околу 280 куни или приближно 37 евра.