Ова е првпат официјално да биде потврдено од Хрватската влада официјално потврди дека е во тек проектот за набавка на воен брод од класата корвета за потребите на хрватската морнарица.
„Ќе работиме на набавка на повеќенаменски борбен брод – истакна вчера премиерот Андреј Пленковиќ во својот говор во Книн, зборувајќи за плановите за идната опрема на хрватската армија.
Началникот на Генералштабот, адмирал Роберт Храњ, кон крајот на минатата година најави набавка на повеќенаменски брод кој би бил наменет за површинска, противподморничка, противвоздушна и противракетна војна.
Самиот брод е замислен да биде иден централен брод на ХРМ, кој би бил наменет за заштита на државната граница, но ќе може да плови до Медитеранот, па дури и до океаните.
Тоа би бил и најголемиот брод на хрватската морнарица, долг околу 100 метри.
Според адмиралот, овој тип на брод би можел да влезе во редовите на морнарицата меѓу 2025 и 2030 година.
