Хрватска: Исчезнаа над 600.000 католици

Бројот на католиците во Хрватска се намалил за 639.408 во однос на 2011 година, покажуваат резултатите од ланскиот попис на населението во државата.

Ова не изненадува со оглед на фактот дека за десет години, бројот на вкупното население падна под 4 милиони жители со што Хрватска се врати на нивото од 1953 година..

Според пописните резултати, бројот на католиците падна од 86,28 отсто од пописот во 2011 година на 78,97 отсто. Изразено во бројки, бројот на католиците падна од 3.697.143 на 3.057.735.

Има и помалку православни – на пописот од 2011 година имало 190.143 (4,44 отсто), а сега се 128.395 (3,32 отсто).

Слично е и со бројот на муслимани. Во 2011 година ги имало 62.977 (1,47 отсто), а сега ги има 50.981 (1,32 отсто).

Во исто време, бројот на агностици и скептици се зголеми од 32.518 на 64.961. Зголемен е и бројот на атеисти – од 163.375 во 2011 година на сегашните 182.188.