Откако го исфрли Бразил во четвртфиналето и ја запре Белгија во групата, хрватската репрезентација има можност да ја исфрли и Аргентина, третопласираната селекција во светот.

Бразил во моментов е водечка репрезентација во светот на рангирањето на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) со 1.841 бод.Белгија е втора со 1.816 бодови.

Аргентина е трета со 1.773 бодови.

Пред актуелните светски вицешампиони, Хрватска, сега е Аргентина, актуелниот шампион на Јужна Америка и третата репрезентација во светот според рангирањето на ФИФА.

Интересно, актуелните светски шампиони Французите се на четвртото место со 1.759 бодови.

Доколку Хрватска ја совлада Аргентина во полуфиналето, а потоа во финалето се сретне сои да им врати на „триколорите“ за поразот од Москва, на патот до светската круна би ги совладала четирите најдобри репрезентации во светот.

Хрватскиот тим во моментов е на 12. место на рангирањето со 1.645 бодови, но по Светското првенство „Ватрен“ ќе направи значителен скок.