Хрватскиот Совет за електрнски медиуми ја казни со 13.270 евра Хрватската радио телевизија (ХРТ) како и со 1.320 евра одговорното лице за прикриено рекламирање во емисија во Лепа Брена која ја рекламирала – чорапи.
Реакцијата на хрватскиот медиумски регулатор следеше по емисијата емитувана на 4 декември, во која Лепа Брена неколку минути рекламираше чорапи од својата модна колекција, а во тоа не ја спречи водителката Ива Шулентиќ, пренесе Индекс.хр
„За жал, гостинката го искористи гостувањето во емисијата во живо и го рекламираше својот нов претприемачки проект. „Никој вклучен во создавањето на ова популарно попладне забавно шоу немаше намера да ги рекламира гореспоменатите производи“, соопшти ХРТ.
Во врска со настанот, следеше реакција и од Лепа Брена.
“Немав намера намерно да ги кршам правата за рекламирање. Никој изрично не ми го забрани тоа. Можеа да ме прекинат во секое време и немаше да бидам навредена. Имавме уште стотина теми за разговор”, изјави популарната пејачка.