Македонскиот активист од САД, Марио Христовски, познат по промакедонските историски лекции на Јутјуб, им се обрати преку Твитер на неонацистите од „Златна зора“ што протестираа во Лерин против судската верификација на Центарот за македонски јазик во Грција.

„Викајте им на леринските неонацисти кои протестираат против постоењето на Македонците и држат слики од Мелас – комично сте збунети.

Павлос Мелас бил грчки револуционер и познат ‘македонски борец’ за грчката кауза. Додека бил во Костур во 1904 година, во неговите писма до сопругата тој вели: ‘Грчки НЕ зборуваат/разбираат жените и децата. Рутински се слуша македонски’. Научил неколку македонски зборови!“, твитна Македонецот од Синсинати, родум од Битола, пред да го цитира Мелас: „Како што одевме кон шталата, постојано се слушаше ‘добровечер’ на македонски од жените (тие не знаеја ниту еден збор на грчки). Научив неколку македонски зборови што ги користам кога зборувам со жените и со мајките…“ (Наталија Мела: „Павлос Мелас“ (Атина, 1924, стр. 241-243).