Христо Ивановски: Македонија си ја зеде улогата на чергиче, секој да ја погани

Новинарот и политички аналитичар Христо Ивановски со кратка, но ефектна опсервација од Казахстан на актуелниот миг во Македонија.

„ЧЕРГИЧЕ: Еден совет од добра другарка што ми го кажа професионално пред дваесетина години: Ако си чергиче, секој ќе те гази. Значи, ќе ги избрише нозете од тебе, калта, лајната, сè… и ќе си замине.
Македонија си ја зеде улогата на чергиче, секој да ја погани. Да, и на Словенија ѝ понудија чергиче пред да влезе во ЕУ (Осимски спогодби, Штаерска), но таа тоа вешто го избегна. Има граници до каде секој еден и секоја една нација можат да се навалуваат.
Безрбетници, луѓе без достинство, дигнитет, став, храброст, дрскост… никој не сака. Особено не сега во време кога доаѓаат сериозни ломови во Европа, кога многу нешта ќе се менуваат, меѓу другото, и заради идентитетските матрици“, коментира Ивановски на Фејсбук.