Бугарија е во криза. Најочигледна манифестација на овој факт е дека немаме влада која нема поддршка веќе година и пол. Бугарија се соочува со силни предизвици и ние мора веднаш да работиме против нив.

Ова го изјави копретседавачот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов на денешната прва пленарна седница на 46-то Национално собрание, јави БГНЕС.

Откако ги наброја внатрешните предизвици, тој се фокусираше на изнаоѓање решение за проблемот со Македонија. Овој парламент треба да го брани бугарскиот национален интерес во однос на Македонија, да ја брани вистината, но и да најде начин заедно да станеме членки на ЕУ, рече копретседавачот на „Демократска Бугарија“.