Храната во светот поскапува. Во февруари се евидентирани рекордно високи цени на храната во светот.
Тие се зголемени за дури 24,1 отсто во однос на претходната година. Цените скокнаа поради растот на цените на маслата за јадење и млечните производи, објави Агенцијата за храна на ОН.
Глобалното производство на брашно се зголеми на 790 милиони тони од 775,4 милиони тони во 2021 година, пренесуваат британските медиуми.
И претходно храната поскапуваше поради сушите и ковид пандемијата.