Ховенијер: Нема ЕУ и НАТО за Косово без напредок во дијалогот

Косово нема да може да стане членка на ЕУ, нема да може да влезе во Партнерството за мир и потоа да стане членка на НАТО, две фундаментални цели на САД кои сакаат да се случат, без да постигне напредок во дијалогот, олеснет од ЕУ“.

Ова го изјави американскиот амбасадор на Косово Џефри Ховенијер, според кој барањата што неговата влада ги има од властите во приштина, во однос на северот на земјата и формирањето заедница на срспки општини (СЗО), не се притисок, пренесе Клан Косова..


„Не го гледам тоа што го бараме од Косово како притисок… Гледам дека има низа легитимни барања од САД и партнерите, кои ги унапредуваат овие стратешки цели“, рече Ховениер во разговор со група новинари.

Амбасадорот на САД во Косово: Не поддржуваме ниту „голема Албанија”, ниту „голема Србија”

Амбасадорот вели дека неговата влада, како и ЕУ, бараат од Косово да ги унапреди преговорите и заклучоците од преговорите за формирање на Асоцијација за општини со српско мнозинство.

Во овој контекст, тој гарантира дека овој механизам нема да биде опасен за функционирањето на државата Косово

„Ние бевме јасни за тоа како ја гледаме заедницата (СЗО -н.з.). Дека тоа не е спротивно на Уставот на Косово, дека не е спротивно на одлуката на Уставниот суд и дека не е дополнително ниво на власт“, ​​рече тој.

„Бевме многу јасни. Многу ми е удобно да ги упатам овие барања до Владата на Косово. Мислам дека е добра политика и легитимно да се гледаат овие работи додека напредуваат“, објави Клан Косова..