Холанѓаните на протести против полициски час

Дури 70 лица биле уапсени синоќа откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите по одлуката на владата за воведување полициски час.

Причините за вандализмот виден од Ротердам до Амстердам веќе не се толку јасни, особено што демонстрантите се тинејџери, пренесува „Ројтерс“.

Немирите започнаа минатиот викенд кога луѓето излегоа на улиците во знак на протест против новите построги мерки во борбата против коронавирусот.

Началникот на полицијата Вилијам Велдерс изјави дека околу 70 лица биле уапсени синоќа до 22 часот, а водени топови биле користени против демонстрантите во Ротердам, додека солзавец бил употребен во Харлем за да се растера толпата.

Полицијата додаде дека напишале скоро 6.000 казни за кршење на забраната за движење во периодот од 21.00 до 4.30 часот.