Холандски монарх може да се ожени со личност од кој било пол што ќе избере без да го загуби правото на престолот, рече премиерот Марк Руте, објави Би-би-си.
Наследникот на холандскиот престол, принцезата Амалија, во декември ќе наполни 18 години. Руте рече дека се работи за „теоретски ситуации“, но следната кралица може да се омажи за жена.
„Владата верува дека наследникот може да се венча и со лице од ист пол“, напиша Руте во писмото до парламентот.
„Кабинетот не гледа причина престолонаследникот или кралот да мора да абдицираат доколку сакаат да се венчаат со партнер од ист пол.
Истополовите бракови се легални во Холандија од 2001 година, но отсекогаш се претпоставувало дека тоа не може да важи за кралското семејство бидејќи би требало да има наследник на престолот.
Кралските бракови бараат одобрување од парламентот, а членовите на кралското семејство понекогаш го отстапуваат своето место во редот на наследството, да се стапат во брак без дозвола или затоа што очекуваат да не добијат дозвола.
