Холандски извор: Заев е во водство на изборите за лидер на СДСМ

Во мајтапот за еден кандидат при избор на лидер на СДСМ се вклучи и холандскиот експерт за Балканот и Југоисточна Европа и консултант Ханс Ван Ден Берг.

Тој најнапред се чуди зошто СДСМ потрошила богатство за избор кој е извесен а потоа со доза на иронија дава информација дека според излезните анкети во водство пред самиот себе си е актуелниот претседател на партијата Заев.

“СДСМ потроши цело богатство, така што неговите близу 70.000 членови можат да гласаат денес (во 80 општини / 237 избирачки места) за нов лидер. Кандидати: Зоран, Зоки и Заев. Опасно (КОВИД)? Излишно (1 кандидат)? Или за или против. Нема алтернативи? Освен трошење средства за здравствена заштита ?!