Холандски фотограф го реконструира ликот на Александар Македонски

Професионалниот фотограф и дигитален уметник од Холандија, Бас Утервајк, кој со своите креации фрла светлина врз тоа како би можеле да изгледаат големи историски личности во реалниот живот, го реконструира ликот и на Александар Македонски.

„’Не се плашам од армија лавови водени од овца, ме плаши армија овци водени од лав’, Александар Велики (356 г.п.н.е.)“, го цитира тој кралот на древна Македонија на својот профил на Инстаграм, на кој ја сподели реконструкцијата на ликот на најголемиот војсководец во историјата на човештвото.

Користејќи разни алатки за дигитална манипулација, Утервајк е во состојба да создаде фотореалистични портрети на познати уметници, лидери, мумии, филозофи, па дури и модели за слики.

Една од неговите креации е и ликот на Исус Христос.